Солскјер околу спорната ситуација: Не може да е фаул, па не играме кошарка

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека немало фаул при акцијата во која неговиот тим поведе против Ливерпул во дербито на Англија кое вчера заврши со реми од 1-1 на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи преку Рашфорд дојдоа до 1-0 во 37-мата минута, а само моменти претходно Линделоф и Ориги беа во спорна ситуација за која гостите сметаа дека е прекршок.

„Нема шанси да беше фаул, на сите им е јасно тоа. Па, не играме кошарка за да се суди фаул за секој контакт“, ликуваше Солскјер и воедно ги пецна Црвените бидејќи само неколку дена пред дербито објавија фотогалерија како играчите на Ливерпулна тренинг играат кошарка наместо да се подготвуваат за самата средба.

Во обид да се освои топката, Линделоф минимално го чепна белгискиот напаѓач, а овој премногу лесно падна на земја и за да биде уште покомична сцената, тој почна да се држи за погрешната нога, а не за онаа на која го доби минималниот удар. Судијата Еткинсон во ниту еден момент не помисли да ја прекине играта, а домаќините од контранапад ја стресоа мрежата на европскиот првак.

https://www.youtube.com/watch?v=ChUfnDDu64Y

- Оглас -

Најнови вести