Сон се извлече со едномесечен војнички стаж, за Канг-ин Ли ќе биде малку потешко

Хјонг-мин Сон замина на отслужување на воениот рок во Јужна Кореа, а на играчот на Тотенхем му се погоди кризата со Коронавирусот, па ќе ја заврши обврската за време на паузата во Премиерлигата, но сеоема поинаква е ситуацијата со Канг-ин Ли големиот талент на Валенсија.

Ли има 19 години и до 2029 година ќе мора да најде период за да отслужи 21 месечен воен рок колку што е според законот во Јужна Кореа.

Валенсија е загрижена за играчот на кој му предвидуваат блескава кариера, а единствена шанса за Ли за да се спаси од долг воен рок е да го повтори подвигот на Сон.

Фудбалерот на Тотенхем со репрезентацијата на Јужна Кореа стана шампион на Азија во 2018 година и доби награда како заслужен граѓанин на својата земја да биде војник само четири недели, или околу еден месец. Сон веќе замина во Јужна Кореа за да си ја заврши обрската, што му следи и на неговиот сонародник Ли.

Според законот на оваа азиска земја воениот рок од 21 месец мора да се отслужи на возраст од 19 до 28 години, па Ли има „фора“ од 9 години да забележи успех со репрезентацијата на Јужна Кореа, сличен на тој на Сон за да добие намалување.

Ли веќе има одиграно три меча за националната селекција, а на дебито во март лани против Боливија стана седмиот најмлад играч во историјата што го облекол дресот на Јужна Кореа на официјален меч.

- Оглас -

Најнови вести