Сопругот ја учи Исинбаева како да плива без да се повреди (Видео)

Откако видел како неговата сопруга Елена Исинбаева скока во вода, се чудел како таа не го повредува челото и решил да ѝ помогне и да ѝ покаже како правилно треба да скока, да нурка и да плива. Иако Никита Петинов е фрлач на копје, одлично се снаоѓа и во базен затоа што во раната младост се занимавал со ватерполо.

Исинбаева, која е светска рекордерка и некогашна олимписка, европска и светска шампионка во скок со стап, објави видеоклип на кој се гледа каков стил има за скокање во базен со вода. Тоа не му се допаднало на Никита, кој ветил дека со сопругата ќе поработи на нејзината техниката на скокање за да избегне несакани повреди.

https://www.instagram.com/p/B7Ag1m3qT6i/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести