Сосиедад повторно е во топ 4 (видео)

Реал Сосиедад по два врзани порази се врати во победнички погон по триумфот над Бетис од 3-1 во деветто коло во Ла Лига. Баскискиот клуб ја оствари петтата победа сезонава со која одново се наметна во топ 4 екипите на табелата, а во грбот им гледа актуелниот вицепрвак Атлетико.

Иако Сосиедад се најде во негатива по 12 минути игра откако Лорен ја стресе мрежата на домаќините, до паузата играчите во сино-бели дресови го свртеа резултатот во своја корист благодарение авто-голот на Гарсија и четвртиот овосезонски погодок на Вилијам Хосе.

За потврда на трите бода, домашната екипа креираше одлична акција на мал простор во изведба на Одегард и Ојарзабал, која ја заврши Порту за конечни 3-1.

Сосиедад сега е на четвртото место со 16 бода со подобра гол-разлика се пред Атлетико, а заостануваат само три бода зад лидерот Барселона. Бетис падна во опасната зона и по девет меча има само девет освоени бода.

https://www.dailymotion.com/video/x7mwdn4

- Оглас -

Најнови вести