Состави ЛШ: Изненадување, Ибрахимовиќ е на клупа за резерви, Милан со Жиру како шпиц ќе брка победа против Порто

Стефано Пиоли изненади со одлуката Златан Ибрахимовиќ да биде резерва за мечот против Порто вечерва во Лигата на шампионите. Место него нападот ќе го предводи Оливие Жиру, што е изненадување, иако така беше и на „Драгао“ пред 15-тина дена, кога Порто победи со 1:0.

И сега Жиру е во почетната постава, а Ибрахимовиќ е резерва во меч што ќе се игра на „Сан Сиро“ од 21 часот и на кој Милан мора да победи ако сака да се надева на пласман во осминафиналето.

Карло Анчелоти направи само една измена во стартниот состав на Реал Мадрид во однос на тимот што го победи Шахтар со 5:0 пред 15-тина дена и на местото на повредениот Родриго, ќе игра Васкес, а неговото место во одбраната ќе го заземе Менди.

Шахтар во малку поинаква комбинација и формација и со неколку нови играчи ќе се обиде да се рехабилитира за тешкиот пораз на 19 октомври со петарда против Кралскиот клуб.

СОСТАВИ

МИЛАН: Татарашану, Ернандес, Ромањоли, Томори, Калабрија, Бенасер, Тонали, Салемакерс, Дијас, Леао, Жиру.

ПОРТО: Диого, Жоао Марио, Пепе, Мбемба, Заиду, Дијас, Оливеира, Урибе, Отавио, Тареми, Еванилсон. 

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Менди, Крос, Касемиро, Модриќ, Васкес, Бензама, Винисиус јуниор

ШАХТАР: Трубин, Додо, Марлон, Матвиенко, Исмаили, Степаненко, Тете, Мајкон, Алан Патрик, Мудрик, Фернандо.

 

- Оглас -

Најнови вести