Совет за Де Лихт: Оди во Манчестер ј., па за три години трансфер во Барселона

Матајс де Лихт, централниот дефанзивец на Ајакс, уште е во дилема дали да ја прифати понудата на Барселона или да го облече дресот на Манчестер јунајтед. Двата европски гиганти се заинтересирани за еден од најдобрите млади фудбалери во светот, а тој уште нема одлучено за неговиот следен чекор.

Според најавите од каталонскиот весник „Спорт“, Де Лихт добил совет кој повеќе го носи кон „Олд Трафорд“, отколку кај каталонскиот гигант. Советот бил дека дефанзивецот сега треба да ја прифати понудата од Манчестер, затоа што во Барселона ќе треба да се бори за место во стартниот тим со Жерар Пике, Самуел Умтити и Клеман Ленгле, додека во Манчестер јунајтед ќе има загарантирано место во првите 11.

Втора причина поради која не би заминал сега во Барселона е тоа што Каталонците не му даваат толку пари колку што би добил во Манчестер или, пак, во Пари Сен Жермен, кој исто така е заинтересиран за негово доведување.

„Ако сега потпишеш за Манчестер јунајтед, за три години Барселона нема да штеди пари за да те донесе“, бил советот од близок човек на Де Лихт.

 

- Оглас -

Најнови вести