Спалети: И со Икарди ќе загубевме од Лацио, тој не е Меси или Роналдо

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, изненади со одлуката да не го стави Мауро Икарди во комбинација за настап на синоќешниот меч против Лацио, па по поразот на „нераѕурите“ од Милано, искусниот стратег мораше да објаснува зошто го изостави напаѓачот кој деновиве тренираше нормално со екипата.

„Икарди беше подготвен да игра можеби и цело полувреме, но не е тоа поентата. Најважна е дисциплината. Начинот на којшто се однесува еден играч кон дресот на Интер е пресуден дали некој треба да игра или не. Нема да преговараме со некого за да игра. Јас 22 години си го градам кредибилитетот. Сигурно дека поразот од директен конкурент боли, но не ги искористивме шансите и потоа примивме гол и му дозволивме на Лацио да се фокусира на дефанзивен пристап. Велат дека сме загубиле бидејќи игравме без Икарди. Интер и без Икарди играше со години во ЛШ, а со Икарди сме имале многу лоши мечеви. Меси и Кристијано прават разлика на теренот, а Икарди не“, изјави Спалети.

 

- Оглас -

Најнови вести