Спалети не се поздрави со тренерот на Спартак, а потоа и објасни зошто (Видео)

Наполи синоќа загуби со 2:1 на гости во Москва од Спартак, во првиот меч од петтото коло во Лигата на Европа. Единствениот погодок за Наполи го постигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но тоа не беше доволно калчолигашот да се спаси од пораз.

По завршување на мечот, тренерот на Спартак Москва, Руи Виторија, тргна да се поздрави со стратегот на Наполи, но Лучијано Спалети одби да му подаде рака на домашниот тренер.

Спалети објасни зошто по мечот не сакал да се поздрави со Руи.

„Не дојде да ме поздрави пред мечот. Тогаш се поздравуваат гостинските тренери, а не само на крајот, и тоа затоа што сте ги победиле. Јас секогаш со гостинските тренери се поздравувам пред почетокот на средбата. Премногу е лесно тоа да го направите по дуелот, и тоа откако ќе ги победите. Морате некому да му посакате и добредојде на својот стадион“, објасни Спалети за својот потег.

https://twitter.com/i/status/1463572688232845315

Спартак Москва и Наполи имаат по седум бода од пет меча, а во оваа група со свои шанси се и Легија, која има шест бода од четири средби, додека Лестер е со пет бода. Токму Лестер вечерва е домаќин на Легија во вториот дуел од петтото коло во оваа група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести