Спалети не трпи бунтовници: Го избрка од тренинг и го прати на туширање (видео)

Лучијано Спалети, тренерот на Наполи, беше приморан да ги потсети играчите дека тој е авторитетот во екипата, а на своја кожа тоа го почувствува Виктор Осимхен.

Зборливиот соиграч на Елмас очигледно имал нешто да каже околу вежбите, па Спалети му нареди да го заврши тренингот предвреме и да замине во соблекувална на туширање.

Осимхен е рекордер на Наполи како најскапо клупско засилување, летово е интересен на неколку клубови меѓу кои и германскиот првак Баерн Минхен. Не се знае зошто Осимхен реши да се расправа со тренерот, можеби во мислите му е трансфер во друга лига, односно во поквалитетен тим, па се обидува на погрешен начин да го принуди клубот да го продаде.

- Оглас -

Најнови вести