Спалети: Ремито со Рома е во ред, ПСВ Ајндховен е нашата најголема болка

Лучијано Спалети вели дека е задоволен од ремито со Рома, по кое Интер си ја зачува третата позиција во Серија А и има одлични шанси пак да игра во Лигата на шампионите и следната сезона.

Интер има 61 бод, пет повеќе од Милан и шест од Рома на пет меча до крајот на италијанското првенство.

„Одигравме добро и резултатот 1:1 е реален епилог. Можевме и да победиме, но и Рома имаше шанси. Во одлична ситуација сме во Калчото и можеме до нов настап во Лигата на шампионите. По се што ни се случуваше сега најмногу ми е жал за киксот во последното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. нашата болка сезонава е ПСВ Ајндховен. Да победевме против холандскиот состав можеби ние ќе бевме каде што сега е Тотенхем“, изјави Спалети.

Интер ја пропушти шансата во овој циклус натпревари во ЛШ на домашен терен во последното коло, кога ремизираше со отпишаниот ПСВ Ајндховен и му дозволи на сегашниот полуфиналист Тотенхем да мине понатаму, иако и двата тима имаа ист број на бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести