Спектакл во најава: Мекрегор и Мејведер договараат реванш

Флојд Мејведер и Конор Мекрегор договараат спектакуларен бокс меч како реванш од нивната холивудска егзибиција од пред пет години.

Наводно понудата директно доаѓа од Мејведер, му нуди 158 милиони долари на Ирецот и е подготвен да го загрози својот беспрекорен рекорд од 50-0 во победи. Мекрегор го постави рекордот на Мејведер како услов за повторно да влезат во рингот, па затоа спектаклот ќе се смета како официјален бокс меч, наместо егзибиција.

 

Токму таа победа на Мејведер му беше последен дуел, што значи нема боксувано од 2017 година, барем не пред камерите. Конор, пак, се врати во октагонот со доста неуспешен учинок, оствари само една победа во четири борби, а последната ја загуби од Дастин Појре минатиот јули.

- Оглас -

Најнови вести