Спектакуларно издание на МЗТ против Ловќен (Видео)

МЗТ Скопје Аеродром го прегази црногорски Ловќен со 96-55 во АБА 2 лигата и сега Металците се на добар пат да обезбедат место во плејофот. Оваа победа од 41 поен разлика веројатно е најубедлива за МЗТ на регионална сцена. МЗТ погоди дури 18 тројки од 29 обиди.

По тешката победата на Работнички, кој денеска од 16 часот игра со Сутјеска, МЗТ го демолираше Ловќен. Петмина играчи имаа двоцифрен број поени (Крстевски, Гравет, Бојиќ, Стојановски и Карачиќ).

 

Најатрактивниот потег беше во првото полувреме, кога Карачиќ му заби в лице на еден противнички играч:

- Оглас -

Најнови вести