Специјален сингл на Sport Life: Фантастични се квотите за победа на Хрватска или Јапонија во продолженијата

Осминафиналните натпревари на Светското првентво во Катар продолжуваат денеска со два дуели, а во првиот, од 16 часот, ќе играат светскиот вицешампион Хрватска и најпријатното изненадување од групната фаза, Јапонија.

Коцкестите се фаворити според коефициентите, но нема да биде изненадување доколку победникот не биде одлучен во регуларните 90 минути.

Во специјалниот сингл на Sport Life, фантастични се квотите за победникот да биде одлучен токму во продолженијата од по 15 минути.

Квотата за победа на Хрватска во продолженијата е 9, а за триумф на Јапонија е уште поголема и изнесува 14. Доколку дојде до изведување на пенали, тогаш квотата за победик е иста и за двете репрезентации и изнесува 11.

Хрватска е благ фаворит на овој натпревар и поради тоа напаѓачите на Коцкестите се фаворити да го постигнат првиот гол. Најмала е квотата за Крамариќ и изнесува 6.50, а да постигне гол во текот на натпреварот е 3.25. Според квотите, голови се очекуваат и од Будумир, Петковиќ, Ливаја, Перишиќ.

Јапонија до победите над Германија и Шпанија од 2:1 во групната фаза дојде со пресврт откако по првото полувреме губеше со 0:1, па затоа и квотите за јапонските напаѓачи се поголеми.
Фаворити за постигнување гол за Јапонија се: Машино, Уеда, Асано, Камада…

Стандардно на Специјалните синглови може да се обложите и на бројот на корнери, аути, фаули, жолти картони, кој прв ќе направи измена, дали некој ќе добие пенал или црвен картон, на кој начин ќе биде постигнат првиот погодок… Едноставно, овие игри се за сите оние кои сакаат дополнително да уживаат во фудбалските натпревари.

- Оглас -

Најнови вести