Специјален сингл на Sport Life: Квотите го фаворизираат Бразил во сите игри, но само во една Хрватите имаат предност

Денеска започнуваат четвртфиналните пресметки на Светското првенство во Катар, а првиот дуел ќе се игра меѓу Бразил и Хрватска од 16 часот, и вообичаено Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Кариоките ја имаат фаворитската улога, тие се и главни фаворити на 18 декември да го кренат шампионскиот пехар, а квотата за триумф над Хрватска изнесува 1.43.
Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот.

И во овие игри, Бразилците го имаат главниот збор. Квотата за Нејмар да го постигне првиот гол е 4.50, да даде гол во текот на натпреварот е 2.20, а да постигне најмалку два гола е 6.50. Доколку Бразил победи и Нејмар постигне гол, квотата за оваа игра е 2.50.

Голови се очекуваат и од Ришарлисон кој игра фантастично на Мундијалот во Катар. Квотата за играчот на Тотенхем да го постигне првиот гол на натпреварот е 4.50, а да даде најмалку два гола е 8.Според квотите, головите се очекуваат и од Винисиус Жуниор, Мартинели, Антони, Рафиња.

Адути на Хрватска се Крамариќ за кого има квота од 5.50 да го постигне првиот гол на средбата, а 6 е коефициентот за тоа да го сторат Будимир или Петковиќ.
Во богата понуда на игри и опции, може да најдете квота од 3.50 дека ќе има пенал за Бразил, а 3.75 е квотата дека токмупрвиот пенал на натпреварот ќе биде за Бразил.

Може да се одигра и на начинот на победа на овој натпревар, дали ќе биде во продолженијата или по пенал рулетот. Интересно е дека Бразил во сите игри е фаворит, но Хрватска има предност само во една игра. Ако победникот се решава во пенал рулетот, тогаш Коцкестите се фаворити и квотата за нивен триумф изнесува 11, наспроти 16 за победа на Бразил. Причина за ова е одличниот голман Доминик Ливаковиќ кој во осминафиналето одбрани три удари од белата точка во пенал рулетот против Јапонија.

Стандардно на Специјалните синглови може да се обложите и на бројот на корнери, аути, фаули, жолти картони, кој прв ќе направи измена, дали некој ќе добие пенал или црвен картон, на кој начин ќе биде постигнат првиот погодок… Едноставно, овие игри се за сите оние кои сакаат дополнително да уживаат во фудбалските натпревари.

- Оглас -

Најнови вести