Специјалниот замина во историјата

Кога дојде во Англија во 2004 година, португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо на претставувањето во Челзи себеси си се нарече Специјалниот бидејќи дојде како освојувач на Лигата на шампионите со Порто. Но, од денеска прекарот Специјалниот веќе не постои, Мурињо за себе сега вели дека е Искусниот.

„Сега сум Искусниот. Многу години поминаа, имам многу, многу искуство“, изјави секогаш интересниот Мурињо.

Иако долго работи како тренер, не мисли дека неговото време помина.

„Сите работи кои ми се случуваат сега, ми се случуваа и порано. За тренерската работа потребен е само мозок, а кога ќе се додаде искуство и знаење, странуваш подобар. Фудбалерите имаат ограничување, некој со 40 години не може да ги прави работите кои ги правел на 20 или 30. Тоа го може само Златан Ибрахимовиќ“, вели Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести