Спировски: На терен треба да покажеме дека сме фаворити

Стефан Спировски, еден од најстандардните во македонскиот состав, вели дека Македонија ја прифаќа улогата на фаворит во мечот против Ерменија, но тоа треба да се докаже на теренот на 5 септември во Скопје.

„Имавме пауза 10 месеци, но мислам дека тие што дојдовме треба да го дадеме максимумот и да одиграме како што знаеме и како што треба да играме за националниот грб. Мислам дека сме подготвени. Веќе почнавме со првенства. Одиме прво со Ерменија, па потоа ќе мислиме на Грузија. Мислам дека по тоа што го прикажавме во минатото и во квалификациите и во Лигата на нациите, ајде нека бидеме фаворити, тоа треба да го покажеме на терен. Мислам дека 100 отсто сме подготвени“, рече Спировски пред денешниот тренинг.

На денешниот тренинг се тренираше жестоко, па дури и селекторот Игор Ангеловски не се штедеше. Фотогалеријата од тренингот може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести