Спонзорите го спречија Леброн да му ја подари „23-ката“ на Дејвис

Леброн Џејмс сепак, ќе го задржи бројот 23 во Лејкерс иако претходно се шпекулираше дека ќе му го подари бројот на новото засилување Ентони Дејвис. Џејмс наводно сакал да ја врати „шестката“ која ја носеше во Мајами, но и во репрезентацијата на САД, но планот пропаднал откако се замеша и брендот за спортска опрема „Најк“.

Од „Најк“ тврдат дека така би дошло до голема финансиска загуба ако се повлечат од продажба веќе преголемиот број на произведени дресови и останати парчиња облека со Џејмс и бројот 23. Тоа значи дека Дејвис ќе го носи бројот 3.

- Оглас -

Најнови вести