Според коефициентот, Шкупи е голем фаворит во дербито

Три меча од фудбалската Прва лига се играат попладнево, а највозбудливо се очекува да биде во Чаир, каде Шкупи е домаќин на Силекс. Шампионот Шкупи има само една победа во последните пет кола, но со враќањето на тренерот Гоце Седлоски на клупата, чаирчани ја стабилизираа играта.

Силекс како повратник во елитното друштво почна одлично. Кратовци имаат само еден пораз во седум меча и се на второто место на табелата, па сигурно нема да се предадат на ова гостување.

Шкендија е голем фаворит на гостувањето кај Победа во Прилеп, а Тиквеш во Кавадарци ќе атакува на освојување на трите бода во дуелот со Скопје.

- Оглас -

Најнови вести