Sport Life ги одреди квотите за победник на Вимблдон, и кај мажите и кај жените има по еден голем фаворит!

Љубителите на тенисот од понеделник ќе уживаат во мајсториите на неофицијалното Светско првенство кое се игра на тревната подлога во Лондон, почнува третиот грен-слем во годината Вимблдон, а со тоа и понудата на Sport Life ќе биде многу богата.

Во најдобрата обложувалница во Македонија веќе може да се обложите и на шампион на турнирот. Според квотите, кај мажите убедливо главен фаворит е ланскиот победник Новак Ѓоковиќ, додека кај дамите фаворитската улога ќе ја има Ига Швјонтек од Полска.

Квотата за титула на Ѓоковиќ е 1.80, главен противкандидат му е ланскиот финалист Матео Беретини, со квота 6.60. Рафаел Надал ги освои првите два грен-слема годинава, и не смее да биде отпишан, а коефициентот за негова титула на Вимблдон е 7.50.

Во Топ 10 фаворити влегуваат неколку тенисери кои знаат да играат на брзата тревната подлога, но тешко ќе биде некој да освои три сета против Ѓоковиќ кој во првото коло игра со Кореецот Квон Соонву.

Во женска конкуренција, ќе има нова победничка, бидејќи лани триумфираше Ешли Барти, а таа во март неочекувано објави крај на својата кариера.

Отсуството на Барти отвора простор за Швјонтек, но тука се и Жабер, Гоф, Халеп, дури и славната ветеранка Серина Вилијамс. Кај жените изненадувањата се почести, па потешко е да се погоди кој ќе погоди, но затоа и квотите се попримамливи.

- Оглас -

Најнови вести