Спортинг го купи Розие. Кој ќе си замине, Ристовски или Гаспар?

Стефан Ристовски е еден од двајцата десни бекови на Спортинг што би можел да биде продаден веќе летово, откако тој и Марио Гаспар добија конкуренција по купувањето на 22-годишниот Валентин Розие.

Розие пристигна од Дижон во Спортинг, што значи дека сега популарните „лавови од Лисабон“ имаат три десни бекови, и тоа квалитетни, што е премногу, па или Гаспар или Ристовски ќе си заминат.

Агентот на нашиот репрезентативец, Леонардо Корси, изјави дека за Ристовски има интерес пред сè од италијански клубови и можно е Стефан да направи камбек на Чизмата.

Ристовски по почетокот на професионалната кариера во Вардар замина во Парма, а потоа беше позајмуван во Кротоне, Фрозиноне, Бари и Латина, сите клубови од Италија.

Нашиот репрезентативец има договор со Спортинг до јуни 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести