Спортинг купи играч за 500 илјади евра и веднаш објави 120 пати поголема отштетна клаузула

Напаѓачот на Пасос де Фереира, Луис Фелипе потпиша шестгодишен договор со Спортинг Лисабон во трансфер што ги чини „лавовите“ од Лисабон 500 илјади евра, а интересно е тоа што веднаш му одредија цена од 60 милиони евра како оштетна клаузула.

Фелипе има 25 години и е најдобар стрелец во Втората португалска лига. Пасос де Фереира одлучи да го продаде за половина милион евра и плус ги доби Барбоса и Балде од Спортинг.

Клубот, за кој игра и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, веднаш во договорот, што важи до 2024 година, за Луис Фелипе истакна и оштетна клаузула вредна 120 пати повеќе од сумата што ја плати на Пасос де Фереира за напаѓачот.

- Оглас -

Најнови вести