Спортинг Лисабон освои еден, а загуби два бода

Екипата на Спортинг Лисабон, чиј дрес во сите 90 минути вечерва го носеше македонскиот бек Стефан Ристовски, одигра само 0-0 на гостувањето кај Маритимо, во меч од португалската лига. П цели 33 години, овие два тима првпат одиграа лигашки меч без голови, па јунак на средбата беше голманот на Маритимо, кој имаше пет одбрани. Спортинг упати 17 шута, но ниту еден не заврши во мрежата.

Со овој исход, многу позадоволни се домашните, кои сега се на два бода над опасната зона. Спортинг пропушти шанса со победа да дојде на еден бод од третата Брага. Вака, лисабонските „зелени“ имаат три бода минус.

Спортинг од декември 2015 година наваму нема победа на гости кај Маритимо, а веројатно и елиминацијата од Вилјареал во Лигата на Европа пред четири дена имаше негативно влијание врз Спортинг. На дуелот беа покажани 10 жолти картони и еден црвен.

- Оглас -

Најнови вести