Спортот ја победи политиката, Русија во футсал драма славеше над Украина (Видео)

Русија е првиот финалист на Европското првенство, откако во дербито на годината кое се чекаше со нетрпение поради политичките тензии помеѓу двете земји, на драматичен ја победи Украина со 3-2.

Русите имаат една европска титула, која ја освоија во 1999 година, и ќе се обидат да го повторат тој успех, а во финалето ги чека Португалија или Шпанија. За Русија ова е седмо финале, прво по 2016 година.

Јунаци на триумфот се Нијазов кој постигна феноменален гол со ножички за водство од 3-1, и голманот Путилов кој на чуден начин со двете нозе, одбрани пенал, и спречи средбата да отиде во продолженија.

Видете го голот на Нијазов:

https://twitter.com/i/status/1489650707670224897

- Оглас -

Најнови вести