Мизерно однесување на навивачите на Специја, ја навредуваа и големата легенда: Моето срце чукаше од радост кога умре Марадона

Навивачите на Специја на срамен начин ги навредуваа гостите од Неапол, а особено грозни беа сцените на трибините на мечот против Наполи кога го навредуваа Диего Арманд Марадона.

Легендата на светскиот фудбал почина во ноември 2020 година, цел свет тажеше за загубата, но навивачите на Специја очигледно мислат поинаку.

„Моето срце чукаше од радост кога умре Марадона“, пееја домашните симпатизери.

Имаше и пораки да пламне вулканот под Везув и да го изгори Неапол и слични содржини што се навредливи за Наполи.

На терен гостите беа убедливи и со еден гол на Кварацхелија и два на Осимен победија со 3:0.

Денеска на мечот играше и Елиф Елмас, а нашиот репрезентативец влезе во игра во 62. минута и одигра нешто повеќе од половина час со судиското продолжение.

Инцидент меѓу навивачите на Специја и на Наполи имаше на претходниот нивни меч на „Алберто Пико“ стадионот и тогаш дури имаше и прекин, но сепак натпреварот се одигра.

 

- Оглас -

Најнови вести