Србија и Германија со ефикасни мечеви ќе стартуваат на младинското ЕП

Денешните предлози ни се мешани, има фудбалски и кошаркарски мечеви, а доминираат дуели на репрезентации на различни нивоа, има сениори, младинци и жени.

Според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, младите селекции на Србија и Австрија заедно ќе дадат барем три гола, од кои најмалку еден во првите 45 минути, Германија ќе даде гол во првото полувреме против Данска, а ќе има голови и во вториот дел, додека вечер по полноќ, Чиле ќе ја совлада Јапонија на Копа Америка.

 

Србија У21 – Австрија У21 (18.30 часот)

Селекциите на Србија и Австрија за играчи до 21 година во Трст ќе одиграат меч на кој би требало да има голови. Нашите соседи имаат големи амбиции, а предводник на нападот им е Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Победата над Австрија е задолжителна за освојување на првото место во групата и пласман во полуфиналето.

Генерацијата која ја има Србија е квалитетна, а и традицијата е на нејзина страна. Австрија во оваа возрасна категорија никогаш не победила против Србите. Сепак, ова е прво коло и подобро е да се игра на голови.

Предлог тип: 1+ I & 3+ (2.40)

 

Германија У21 – Данска У21 (20.45 часот)

Во групата со Србија и Австрија се и Германија и Данска, па јасно е како ден дека и тука ќе се води голема борба бидејќи само првото место гарантира полуфинале, додека вториот ќе треба да ги чека и другите групи. Германија е фаворит, младите Панцери две години немаат пораз во мечевите на тимовите до 21 година.

И Данска има солидна генерација, но Германија е фаворит и поради максималниот скор од три победи во трите меѓусебни дуели.

Предлог тип: T1 1+ I & 1+ II (2.50)

 

Јапонија – Чиле (01.00 часот)

Чилеанците се актуелни шампиони на Јужна Америка, тие ја освојуваа Копа Америка во последните две изданија и секако се фаворити против гостите од Азија. Овие селекции десет години не играле меѓусебе. Тогаш „самураите“ победија со 4-0, но сега тимовите се сосема поинакви од тогашните, Чиле има победнички менталитет и во моментов многу посилен тим од Јапонија.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)

 

Кина – Шпанија (18.00 часот)

Ова е дуел од СП за жени, во кој за Кина и Шпанија пресметката е да се биде или не. И едните и другите губеа од Германија, па во меѓусебен дуел ќе решаваат за патникот во следната фаза. Шпанките имаат позитивна гол-разлика, па нив им одговара и нерешен резултат. Сигурно е дека првиот меѓусебен дуел на женските национални тимови на Кина и Шпанија ќе донесе борба и веројатно неизвесност.

Предлог тип: 2 (1.88)

 

Партизан – Црвена ѕвезда (18.00 часот)

Белградските ривали се борат за титулата во Србија, а ова е прва меч-топка за „црвено-белите“ кои водат со 2-1 во победи. Досега на сите три меча победуваа екипите кои беа во улога на домаќини, вечерва на трибините ќе бидат фанови на Партизан. Според традицијата од финалната серија, тоа треба да значи победа на Партизан, но и Ѕвезда си има свои сметки. И издржливоста на кошаркарите е на тест бидејќи температурата во салата е многу висока.

Инаку, во Sport Life можете да се обложите и на некој поединец од двете екипи и да се обидете да погодите кој играч колку поени ќе постигне.

Предлог тип: < 154.5 (1.82)

 

 

- Оглас -

Најнови вести