Србија на поправен испит пред празни трибини

Македонија – Австрија (20.45 часот)

И двете селекции имаат проблеми со повреди и отсутни играчи, но јунскиот циклус квалификациски натпревари мора да се затвори со успех. Овој меч може да е клучен и за Македонија и за Австрија бидејќи победа носи спокој пред продолжението на квалификациите, а поразената селекција драстично ќе ги намали шансите за настап на ЕП 2020 година.

Ова е и прв официјален меч на Македонија против Австрија, а според коефициентите гостите се фаворити. Сепак, Македонија игра одлично во последно време и против Полска покажа дека има квалитет за да остане во битката за ЕП до крајот на квалификацискиот циклус, па очекуваме и вечерва да забележи добар резултат.

Значењето на бодовите, но и заморот кај играчите на двете селекции по долгата клупска сезона веројатно ќе го забави темпото на игра, па ќе типуваме на меч со малку голови и, секако, со позитивен исход за Македонија.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.25) Квота на денот Sport Life

 

Шпанија – Шведска (20.45 часот)

Швеѓаните добро се држат во меѓусебните мечеви со Шпанија, иако „црвената фурија“ има предност од 5:3 во победи со 4 нерешени.

Двете селекции стигнаа до нокаут-фазата на Мундијалот во Русија, сега се број еден и два во групата Ф за пласман на ЕП 2020 година и заедно со Романија и можеби и Норвешка ќе бијат битка за две позиции кои водат на континенталниот собир.

Шпанците очекуваат нападот да проработи, односно Родриго и Мората да почнат да даваат голови во континуитет и да продолжи одличниот ефект на останатиот дел од тимот.

Против Фарските Острови стрелци беа стоперот Рамос, бекот Гаја и крилото Навас, еднаш домаќините сами си ја затресоа мрежата. Мората и Аспас имаа скромен настап, Родриго веројатно доби и мал одмор пред мечот против Шведска, па вечерва и од него се очекува гол(ови) за победа и зацврстување на првото место на првиот фаворит во групата.

Шведска игра добро и по Мундијалот во Русија. Во Лигата на нациите успеа да го освои првото место и да се пласира во сегментот А, а и преку новото натпреварување има шанса да се пласира на ЕП, ако биде победник во полуфиналето и финалето во сегментот Б.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.05) Квота на денот Sport Life

 

Србија – Литванија (20.45 часот)

Србите мора да се вадат за дебаклот од 0:5 во Украина, а тоа ќе мора да го сторат без поддршка од публиката поради казна од УЕФА.

Селекторот Младен Крстајиќ седи на жешко столче и евентуален нов неуспех би значел и отказ за него. Сепак, и покрај тешкиот пораз од Украина, Србите имаат квалитетна репрезентација и широк ростер за да можат да се направат и замени и да се освежи стартната постава.

Проблем им е што Александар Митровиќ веројатно пак нема да игра, а ќе има уште неколку измени, според најавата на Крстајиќ.

Литванија не успеа да го победи Луксембург, Микулиунас и Воробјовас нема да играат во Белград, што е хендикеп за гостите.

Во циклусот од Лигата на нациите во сегментот Ц, двете селекции беа во иста група, а Србите победија со 4:1 на домашен терен и со 1:0 на гости, па и денеска се фаворити за победа.

Предлог тип: Т1 3-5 гола (2.00) Квота на денот Sport Life

 

Украина – Луксембург (20.45 часот)

Украина одигра перфектен меч против Србија и во одлично расположение го чека аутсајдерот Луксембург. Украинците сепак се претпазливи бидејќи едвај извлекоа победа на „Жози Бартел“ во Луксембург на првиот меч во оваа група.

Тогаш со несреќниот автогол на Жерсон Родригеш во последните моменти од мечот Украина се извади и ги освои бодовите со победа од 2:1.

Луксембург сè повеќе напредува, па иако избраниците на Андриј Шевченко се големи фаворити за победа, ќе типуваме дека гостите барем еднаш ќе ја затресат мрежата на Пјатов.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.55)

 

Чешка – Црна Гора (20.45 часот)

Хаосот во и околу репрезентацијата на Црна Гора не стивнува и по мечот со Косово. Селекторот Љубиша Тумбаковиќ доби отказ бидејќи не сакаше да ја води репрезентацијата против, како што се изјасни, непостоечка држава, а одбија да играат и Стојковиќ и Иваниќ, кои се родени во Србија, па и тие се суспендирани и нема да играат против Чешка.

Колку новиот селектор Миодраг Џудовиќ ќе успее да ги консолидира редовите и да се справи со проблемите, ќе се види вечерва во Оломуц.

Чешка успеа да ја победи Бугарија со пресврт и има голема шанса со победа против разнишаната Црна Гора да се израмни со Англија по бројот на бодови во групата А. Црна Гора знае да биде тврд орев, но во ваква ситуација, Чешка е фаворит за победа.

Предлог тип: Т1 2+ (1.93)

 

 

- Оглас -

Најнови вести