Србија не игра на СП, но седум Срби ќе играат за други репрезентации

На Светското првенство во фудбал ќе ја нема репрезентацијата на Србија, но ќе има седуммина играчи со српско потекло кои настапуваат за други репрезентации.

Тоа се Александар Павловиќ (Германија), Марко Стамениќ (Нов Зеланд), Милош Дегенек (Австралија), Марко Арнаутовиќ, Саша Калајџиќ (Австрија), Јово Лукиќ, Самед Баждар (Босна и Херцеговина).

Околу Павловиќ се водеше „војна“, и српската репрезентација го сакаше, се обидоа да го придобијат, но не успеаја. Фудбалерот роден во Минхен одлучи да игра за Германија. Неговиот татко, Дејан, е Србин, а неговата мајка е Германка и на крајот реши да игра за Панцерите.

Играчот на Црвена ѕвезда, Арнаутовиќ, е ветеран кој веќе 18 години игра за австриската репрезентација. Неговиот татко Томислав е Србин од БиХ, додека мајка му е Австријка. 

Калајџиќ дебитираше za Австрија во 2020 година, кога челниците на Sрпскиот фудбалски сојуз не го имаа забележано навреме. Тој има и српско државјанство бидејќи неговите родители се Срби од Босна и Херцеговина.

Дегенек десет години игра за австралиската репрезентација, роден е во Книн (Хрватска), а одиграл и осум натпревари за јуниорската селекција на Србија (до 19 години), но никогаш не добил повик во сениорскиот тим на Орлите.

Стамениќ е роден во Велингтон, Нов Зеланд и затоа игра за таа земја. Неговиот татко, Никола, е Србин од Нови Сад, додека неговата мајка е од Самоа.

Баждар ја одбра Босна и Херцеговина, иако помина низ сите јуниорски категории на српската репрезентација, па дури и дебитираше за А тимот на Србија во 2024 година, на пријателски натпревар против Кипар, но реши да ја промени репрезентацијата.

Лукиќ е роден во Шабац, Србија, и никогаш не играл за помладите категории на српската репрезентација. Тој помина низ јуниорските категории на Босна и Херцеговина, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести