Србија нуди неверојатна премија за Литванија да ѝ откине бодови на Португалија

Фудбалската репрезентација на Србија останува со шанси за пласман на Европското првенство, но, сепак, пласманот на континенталнатга завршница не зависи само од нив. Србите имаат 10 бода од шест меча и се на третото место во групата со еден бод зад Португалија.

До крајот на квалификациите, Португалија на домашен терен ќе игра против Литванија, а потоа во последното коло противник ќе ѝ биде Луксембург. Доколку актуелниот европски првак ги добие двата меча, Србите дефинитивно ќе извисат.

За да имаат шанси, Србите решија да се обидат да ги стимулираат ривалите на Португалија. Премија од 500.000 евра ќе дадат Србите доколку Литванија или Луксембург успеат да останат непоразени во дуелите со големиот фаворит. Србија до крајот на квалификациите играат два меча на домашен терен, против Луксембург, а потоа и против Украина, која е веќе со обезбеден пласман на ЕП 2020.

 

- Оглас -

Најнови вести