Среќниот Варди во казино заработил 30.000 фунти, а вложил 1.000

Голгетерот на Лестер, Џејми Варди, минува низ убав период во животот, не само на фудбалскиот терен каде со гол ја отвори сезоната во Премиерлигата, туку и надвор од него.

Според таблоидот „Сан“, претседателот на Лестер, тајландскиот бизнисмен Аијават Шриваданапраба, на 7 август вечерта изнајмил казино само за екипата на Лестер за прослава на победите на „Комјунити шилд“ и ФА купот во мај. Фудбалерите уживале во пијачките и си ја испробале среќата на масите. Најмногу среќа имал Варди, кој бил „Крал на вечерта“ бидејќи освоил 30.000 фунти, а тргнал со влог од 1.000 фунти и тоа вредносен купон кој на сите играчи им подарил претседателот.

- Оглас -

Најнови вести