Српски тренер му има „давано лекции“ на тренерот на НБА првакот

Убаво е чувството кога знаете дека сте победиле шампион на НБА, и тоа двапати, а токму тоа му се случува на српскиот тренер Мирослав Николиќ. Популарниот Мута овојпат не се пофали сам, туку во српските медиуми се појави информација дека тој има 2-0 во меѓусебните дуели со Ник Нурс, актуелниот тренер на Торонто репторс.

Американскиот стратег во сезоната 2000/01 го водеше Лондон тауерс, со кого учествуваше во Евролигата, а еден од противниците му беше Будуќност, како првак на тогашната СР Југославија. На клупата на црногорскиот тим седеше Николиќ, а и двата меѓусебни дуели со екипата од Лондон завршија со триумф на Будуќност. Потоа следуваше голем напредок во кариерата на Нурс, кој е единствен тренер со титули во НБА и развојната Г-лига во САД.

На тие два меча, прв поентер на Будуќност беше Миленко Топиќ, актуелниот помошник-тренер на Црвена ѕвезда. Ѕвезда вечер може да стане првак на Србија ако го совлада Партизан. На овој меч можете да се обложите во Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести