Срцето сакаше, ама умот кажа не – Арјен Робен објави крај на кариерата!

Шпекулациите околу неговото име сега може да завршат: 35-годишниот Арјен Робен кажа дека ја завршува играчката кариера како професионален фудбалер.

Робен, кој играше за Гронинген, ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, зад себе има 606 меча и 210 гола.

„Многу размислував во последните недели. Без сомнение, ова ми е најтешката одлука во кариерата. Цели 19 години живеев со својата страст од која го извлекував најубавото. Но, тоа си има своја цена, а сметката ја плати моето тело. Во моментов сум здрав и во форма, сакам да останам така и затоа сега е најдобро време да се повлечам. Ова беше одлука во која имаше судир на моето срце и умот. Љубовта кон фудбалот залажува, реалноста е дека веќе не сум 16-годишник кој не знае што е повреда”, коментира легендарниот Холанѓанец.

Одамна беше јасно дека Робен нема да остане во Баерн, но се зборуваше за многу понуди кои ги имал. Опции беа португалски, италијански, холандски, американски и јапонски клубови, а конечното решение сепак е заминување во пензија.

- Оглас -

Најнови вести