Стадион „Кристијано Роналдо“

Европскиот првак Португалија вчера пред своите љубители во Лисабон го продолжи походот кон пласман на ЕП 2020 со лесен триумф од 3-0 над Луксембург. Дуелот се играше на стадионот „Хосе Алваладе“, во домот на Спортинг Лисабон, а името на стадионот во блиска иднина може да биде сменето.

Претседателот на Спортинг Федерико Варандас, истакна дека клубот планира да го смени името на стадионот во чест на Кристијано Роналдо. Засега во игра се три потенцијални имиња, стадион „Кристијано Роналдо“, „ЦР7 арена“, како и „Хосе Алваладе ЦР7“, како комбинација на историјата и иднината на португалскиот фудбал.

За Роналдо би претставувало огромно задоволство доколку стадионот на кој ја започна богатата кариера биде именуван по него. Секако, овој план ќе се спроведе откако ѕвездата на Јувентус ќе стави крај на професионалната кариера.

Роналдо веќе е вметнат во рекордите на Португалија како играч со најмногу настапи (161), но и најмногу погодоци (94), а овие бројки и во иднина ќе се менуваат, бидејќи Кристијано не планира во скоро време да ги закачи копачките на клин.

- Оглас -

Најнови вести