Стана подобар од Мајк Тајсон и Мухамед Али! Вајлдер со 10-та одбрана на тронот по ред

Дионтеј Вајлдер ја одбрани светската титула во ВБЦ категоријата, откако го нокаутираше Кубанецот Луис Ортис во седмата рунда. Со оваа победа Вајлдер ја продолжи доминацијата која му трае веќе четири години. Вајлдер успеа да ја освои светската титула во 2015 година, а ова му беше јубилејна 10-та одбрана на тронот.

Со оваа победа, Вајлдер стана само третиот боксер во историјата кој успеал барем 10 пати да ја одбрани титулата и да го сочува шампионскиот појас. Претходно тоа им успеало само на Владимир Кличко и Лери Холмс. За тоа колку е тешко да се направи ваков подвиг, покажува и фактот дека легенди како Мухамед Али и Мајк Тајсон успевале да го одбранат тронот само по девет пати во низа.

За Вајлдер ова е вкупно 42 победа во 43 меч. Единствен пат кога не победи е против Тајсон Фјури, во меч кој судиите одлучија дека е нерешено.

https://youtu.be/9a8whCGQ2lI

- Оглас -

Најнови вести