Стандарден баварски рецепт со полски шарм – Левандовски му донесе ново финале на Баерн (Видео)

Роберт Левандовски постигна два гола, по еден во двете полувремиња за Баерн против Ал-Ахли, а германскиот и европски првак на рутина со 2:0 го победи Ал-Ахли во полуфиналето на светскиот клупски куп на ФИФА.

Полјакот повторно беше на препознатливо ниво и стрелаше прецизно во 17-тата минута и потоа и во 86-тата минута за пласман во финалето и меч за титулата против мексиканскиот Тигрес.

Левандовски има импозантен биланс од 29 гола на 27 меча сезонава во сите натпреварувања, што е ефект од над еден гол по меч.

Во натпреварувањето што го организира ФИФА од 2000 година, Баерн има една титула, а за Тигрес ова ќе биде прво финале на светскиот клупски куп.

 

 

- Оглас -

Најнови вести