Станува опасно, прв одложен натпревар од Премиер лигата поради корона-вирус!

Натпреварот помеѓу Астон вила и Њукасл од 11-тото коло на Премиер лигата кој требаше да се игра в петок е одложен. Ова е прво одложување на меч од Премиер лигата по рестартот на сезоната по прогласувањето на пандемијата.

Причината за одложувањето е што имало неколку позитивни резултати на ковид-19 кај членови на Чавките. Заразените се во карантин, а тренинг-базата на Њукасл е затворена.

Од Њукасл не го објавија точниот број на заразени. Фудбалерите не тренирале од минатиот четврток, кога патуваа во Лондон и го победија Кристал палас со 2-0. Затоа Премиер лигата го прифати нивното барање за одложување. Според правилата, тим може да побара одложување на меч ако нема 14-мина здрави играчи.

- Оглас -

Најнови вести