Старата дама приреди спектакл кога и е најтешко, помогна и најатрактивниот тим во Италија (Видео)

Јувентус и Аталанта одиграа спектакуларен меч во Торино што заврши нерешено 3:3 и тоа во период кога и е најтешко на Старата дама.

Вчера поради финансиски малверзации најтрофејната екипа во Италија беше казнета со одземање на 15 бода, а тоа создаде наелектризирана атмосфера и во земјата, а посебно во таборот на Јувентус.

Навивачите на почетокот ја исвиркаа официјалната химна на Серија А, а потоа создадоа феноменална атмосфера.

На стартот веднаш во четвртата минута ги олади Лукман со гол за водство на Аталанта, екипа која игра најатрактивен фудбал во Италија во моментов.

Популарната Ла Деа е машина за голови, на Салернитана и дадоа дури 8 погодоци, а и вечерва го намачија Јувентус со тројка.

Домаќините направија пресврт уште во првиот дел со головите на Ди Марија од пенал и на Милик.

Нов пресврт приреди Аталанта во второто полувреме со головите на Меле и на Лукман.

За да не биде двоен пораз во црниот викенд за Јувентус се погрижи Данило со гол за 3:3 и за еден бод на контото на 36-кратниот италијански првак.

- Оглас -

Најнови вести