СТАРТНИ СОСТАВИ ЗА ЛШ: Елмас е на клупата за резерви на арената „Јохан Кројф“, кај Интер го нема Џеко против Барса

Елиф Елмас очекувано не е во стартниот состав на Наполи на гостувањето кај Ајакс во Амстердам на „Јохан Кројф арената“ и ќе чека шанса од клупата за резерви за дуелот што ќе се игра од 21 часот во третото коло во Лигата на шампионите.

Наполи како лидер во А групата со шест бода ќе го почне дербито во оваа група со Ајакс, тим кој има три бода, како и Ливерпул, кој ќе игра со Глазгов ренџерс.

Во дербито на денешните дуели во третото коло во Милано ќе играат Интер и Барселона, а домаќините ќе го почнат мечот без Един Џеко во нападот, а не може да игра и повредениот Лукаку.

Домаќините ќе се обидат да ја изненадат Барса со двоецот Кореа и Мартинес во нападот.

Гостите ќе напаѓаат со Левандовски во шпицот и со Рафиња и Дембеле како помош за еден од најдобрите стрелци во Европа.

 

Од 21 часот ќе играат и Бриж против Атлетико Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт со Тотенхем и Порто против Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести