Ставре Јада и Ана Цветановска се македонските олимпијци на игрите во Пекинг

Ставре Јада и Ана Цветановска ќе ја преставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг што ќе се одржат од 4. до 20. февруари.

За Јада ова ќе биде втора Олимпијада,а ќе се натпреварува во две дисциплини, на спринт трката на 1,5 километри и во таканаречениот маратон на 50 километри, што е најтешката трка во нордиското скијање.

Цветановска ќе дебитира на ЗОИ, а ќе се трка во скијатлон на 7,5 километри во класичен и слободен стил и на трката на 10 километри во слободен стил.

Моментно нашите олимпијци се на подготовки во Италија, а со нив во Пекинг ќе патува и нивниот тренер од Ски-Рис клубот, Борче Јовановски.

- Оглас -

Најнови вести