Ставрев патува во Киев за да суди меч од Лига Европа

Александар Ставрев повторно е делегиран да суди натпревар од Лигата на Европа. Тој в четврток од 18.55 часот ќе го суди мечот од групната фаза помеѓу Динамо Киев и Малме, кој ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев.

Негови помошници ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

За Ставрев ова не е ништо ново со оглед на тоа што минатата сезона судеше три меча во групната фаза во ЛЕ, а исто толку и една година претходно во второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

- Оглас -

Најнови вести