Стефан Ристовски го продолжува договорот со Спортинг за уште две години

Пандемијата на Kоронавирусот не ги смени плановите на Спортинг Лисабон и клубот останува со намера да му го продолжи договорот на македонскиот десен бек Стефан Ристовски за уште две години. Ристовски во редовите на „зелено-белите лавови“ дојде во 2017 година од Риека, а за време на неговиот престој во клубот има многу превирања и се оди по принципот „топло-ладно“.

Иако веста уште не е официјализирана од клубот, португалските медиуми најавуваат дека продолжувањето на соработката е дефинитивно и Ристовски останува во Спортинг.

Првиот човек на клубот, доктор Верандес, кој не е многу популарен кај навивачите, им ги скрати платите на фудбалерите за 50 проценти, но Стефан им е важна алка и не сакаат да го испуштат, па договорено е да остане најмалку до 2022.

Клубот најави дека ќе почне со тренинзи на отворено во својот комплекс Алкочете од 15 јуни. Моментно Спортинг е на четвртото место во португалското првенство, кое е прекинато поради Коронавирусот како и грото домашни шампионати во Европа.

- Оглас -

Најнови вести