Стерлинг јавно го крена гласот против Гвардиола, сака да си оди од Манчестер сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, се закани со заминување од „Етихад“ доколку тренерот Гвардиола не му даде поголема минутажа. Репрезентативецот на Англија го загуби местото во првиот тим на Сити по доаѓањето на Џек Грилиш од Астон вила и не му се допаѓа што ја грее клупата.

„Ако не добијам шанса да играм повеќе, опцијата да одам некаде во странство е целосно отворена. Фудбалот ми е најважна работа во животот, од мал сонував дека играм некаде надвор од Англија. Можеби желбата ќе ми се исполни следното лето“, вели Стерлинг, кој има договор со Граѓаните до 2023 година, а сезонава само еднаш беше стартер.

Стерлинг дојде во Сити во 2015 година од Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести