Стерлинг не знае за доста против Топчиите, Сити го врати победничкиот ритам (видео)

Манчестер сити со минимални 1-0 славеше во дербито против Арсенал кое се одигра во рамки од петтото коло во Премиер лигата. Погодокот на Рахим Стерлинг, негов четврти против Топчиите во последните пет меѓусебни дуели, беше доволен за Граѓаните да ги освојат трите бода.

По подолга пауза во составот на Пеп Гвардиола се врати Агуеро, кој беше меѓу најзаслужните за успешната акција која заврши со погодок во мрежата на Лено во 23-тата минута, а го реализира Стерлинг.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1317511576451190789

Сити ја запиша втората победа сезонава и дојде до 10-тото место на табелата, за Арсенал ова е втор пораз по оној од Ливерпул со 1-3.

- Оглас -

Најнови вести