Стерлинг се согласи на нов договор, уште да го потпише

Крилото на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, се согласи да потпише нов договор со клубот. Преговорите околу обновувањето на соработката траеја речиси една година, за на крајот Стерлинг да се согласи на условите кои му ги понуди управата на Сити.

Англичанецот ќе заработува неверојатни 300,000 фунти неделно, па така ќе стане најплатениот англиски фудбалер во историјата, а остануваше уште да го стави својот потпис на документите, и Стерлинг ќе биде „граѓанин“ и во наредните пет години. Неговиот актуелен договор истекува за 18 месеци, а Пеп Гвардиола инсистираше клубот да му понуди нова соработка, откако неколку европски гиганти се интересираа за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести