Ливерпул го победи Реал Мадрид со 1:0, а покрај единствениот погодок кој беше доволен за англискито првак да слави победа, имаше уште еден момент кој го одбележа дуелот на „Енфилд роуд“.
Се играше 30-тата минута кога Ливерпул беше во напад, Собослаи шутираше, а топката удри во раката на Чуамени. Главниот судија Ковач од Романија веднаш го забележа играњето со рака и досуди индиректен удар за Ливерпул на врвот од шеснаесетникот.
Потоа од ВАР-собата стигна сигнализација да се провери првичната одлука затоа што постоеше веројатност дека играњето со рака е во шеснаесетникот. Судијата ја гледаше повторената снимка, на која се потврди дека играњето на Чуамени со рака е во шеснаесетникот.
Сите од Ливерпул очекуваа дека ќе биде досуден пенал, но наместо тоа, арбитерот покажа дека нема пенал, нема индиректен удар, нема ниту корнер затоа што топката по ударот заврши зад голот, туку само „мртва топка“ во корист на Реал.
Многумина се чудеа како е можно судијата Ковач да направи таква промена на одлуката, но потоа стигна и објаснување. Арбитрите во ВАР-собата го повикаа судијата бидејќи видоа дека играч на Реал Мадрид со рака ја удрил топката во својот шеснаесетник. Таквата одлука, фактичката позиција каде што се случило играњето со рака, ја донесува исклучиво ВАР-системот, а не судијата на теренот.
Ковач виде на видеото дека Чуамени ја допрел топката со рака во шеснаесетникот, но неговата проценка била дека не станува збор за казниво играње со рака. Веројатно проценил дека раката, во моментот кога топката ја погодила, била многу блиску до телото, дека не станувало збор за неприродно движење или намера за зголемување на големината на телото.
Со оглед на тоа што не досудил потенцијален пенал, за кој бил повикан од ВАР-собата, имал можност да ја поништи својата првична одлука. Тој го сторил тоа и ја продолжил играта со „мртва топка“ за Реал, односно губење на поседот за Ливерпул.
Целата ситуација може да ја видите на видеото од 2:15 минути.

