Стигнаа до историски успех, откако противниците се откажаа и седнаа на терен (Видео)

Екипата на Алварао стигна до историски успех и за прв пат во 91-годишната историја избори место во втората аргентинска лига. Во мечот кој одлучуваше за влез во повисок ранг, Алварао го победи Сан Жорге со 1:0, во меч кој не го дочека крајот.

Гостинските играчи беа револтирани поради лошото судење и во 50-тата минута седнаа на теренот и решија да не продолжат да играат. Судијата мораше да го прекине дуелот. Причина за ваквиот потег на гостите е револтот поради лошото судење.

Играчите на Сан Жорге протестираа сметајќи дека погодокот на Алварао бил постигнат од офсајд. Освен тоа, гостинските играчи добија два црвени картони и останаа со девет играчи во поле. Давид Валдез беше исклучен поради два жолти картони, а потоа Максимилијано Гвардао мораше да го напушти теренот поради жестоките протести кон судијата.

Иако имаа негатива и двајца играчи помалку на теренот, гостите го започнаа вториот дел, но во 50. минута едноставно застанаа и седнаа на тревата, а мечот мораше да биде прекинат.

„Украдени сме. Очекувавме ужасно судење, но ова е премногу. Цела сезона напорно работевме за да стигнеме до овој меч и сега се случува ова. Во соблекувалната сите едногласно решивме да не го доиграме мечот“, рече капитенот на гостите, Рикардо Тапија.

Конечната одлука за овој меч треба да ја донесе Фудбалската федерација на Аргентина (АФА), но речиси сигурно е дека победата ќе биде доделена на Алварао, клуб чиј сопственик е пријател на претседателот на АФА, Клаудио Тапија.

 

- Оглас -

Најнови вести