Стојановиќ: Македонија заслужено победи

Селекторот на Летонија, Славиша Стојановиќ, е разочаран од играта на неговите избраници, но призна дека Македонија е подобар тим во овој момент и победата на „црвено-жолтите“ е заслужена.

„Првото полувреме го одигравме катастрофално и затоа бевме казнети. Да имав можност, на полувремето ќе заменев шестмина играчи, но, за жал, немав таква шанса. Во вториот дел одигравме малку подобро, но не е тоа задоволително ниво за да се игра на вакво натпреварување. Дадовме гол и имавме шанса, но Македонија покажа дека е поквалитетен тим и заслужено победи“, Славиша Стојановиќ.

- Оглас -

Најнови вести