Столбот на одбраната на Вардар си замина – Калараш е нов член на Мотор

Глеб Калараш е последниот во низата ракометари од шампионската генерација на Вардар што си замина од редовите на европскиот првак.

Калараш денеска и официјално беше претставен како нов член на Мотор Запорожје. Глеб одигра една од клучните улоги во дефанзивата на Вардар, која беше на шампионско ниво, особено на фајнал фор турнирот во Келн, каде што „црвено-црните“ направија првокласна сензација и против Барселона, и во финалето со Веспрем и ја освоија втората европска круна во Лигата на шампионите.

Калараш прави камбек во Мотор, бидејќи веќе играше за клубот од Запорожје од 2015 до 2017 година. Клубот од Украина од идната сезона ќе игра и во СЕХА-лигата, па Калараш ќе има дуели со своите соиграчи од Вардар во Регионалното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести