Столе Димитриевски повторно не прими гол, но Рајо ја прекина перфектната низа

Рајо Вајекано и Селта Виго одиграа без голови во меч од 12-тото коло од Примера дивисион. Со овој бод, Рајо стигна до 20 бодови и е на шестото место, додека Селта сега има 11 бодови.

На голот на Рајо одличен беше Столе Димитриевски, кој имаше неколку одлични одбрани и не дозволи да биде затресена неговата мрежа. Одбраната на Рајо беше одлична, но нападот потфрли, па првпат сезонава на свој терен не постигна гол.

Во претходните пет меча пред домашната публика Рајо имаше пет победи, а сега ја прекина таа перфектна низа и освои само еден бод. Со вкупно 16 освоени бода на домашен терен, Рајо е екипата која сезонава има освоено најмногу поени кога игра пред своите навивачи.

Следниот предизвик за Димитриевски и Рајо ќе биде гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести