Столе е лут: Некои играчи не разбираат што значи да се носи вардаровиот дрес

Вардар со убедлив пораз од Мешков Брест ги заврши настапите во групната фаза во Лигата на шампионите, па како седмопласиран двократниот европски првак во осминафиналето ќе се сретне со Веспрем.

По мечот, капитенот Столе Стоилов беше видно лут на играта која ја покажаа неговите соиграчи, па во кратки црти објасни кој е најголемиот проблем во редовите на македонскиот гигант.

„Сакав да го анализирам мечот, меѓутоа тренерот на Мешков го потенцираше кој е нашиот најголем проблем, а јас само ќе се надоврзам. Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат кога ќе излезат на теренот. Не можат да разберат како се носи овој дрес. Токму тоа е нашиот најголем проблем, немам повеќе што да додадам“, луто изјави Стоилов.

- Оглас -

Најнови вести