Столе одлично се држи против Барса – Македонецот беше последен ѕид за Гриезман и Меси (Фото)

Столе Димитриевски бранеше одлично за Рајо Валјекано против Барселона во првото полувреме од куп-мечот во Шпанија и не дозволи да му се затресе мрежата.

Голманот на македонската репрезентација беше сигурен во неколку ситуации, а не им дозволи на големите ѕвезди Лео Меси и Антоан Гриезман да му дадат гол во две ситуации.

Рајо Валјекано ѝ е домаќин на Барселона во нокаут-меч од осминафиналето на Копа дел Реј, а по првото полувреме е без голови во Мадрид.

Победникот ќе игра во четвртфиналето на шпанскиот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести